Висла го бара и Бергеруд

Висла Плоцк веќе долги години без успех, се обидува да го симне тимот на Келце од тронот во Полска.

Чави Сабате и раководството на тимот од Плоцк работат на ростерот за следната сезона и за таа по неа, веќе се најавени две големи засилувања, а „ТВП Спорт“ најави и трето.

Станува збор за голманот на норвешката репрезентација и на Колстад, Торнбјорн Бергеруд, кој неодамна бил во Плоцк на разговори, иако на почетокот на годинава го продолжи договорот со неговиот сегашен тим.

Висла Плоцк веројатно ќе се засили со него во летото 2025 година, иако посакува тоа да се случи и година дена порано.

Претходно од 2025 година во Плоцк доаѓаат средниот бек од Целје, Митја Јанц и десниот бек од Барселона, Мелвин Ричардсон.