Викендов активни се младинците, кадетите и пионерите

Викендов продолжуваат натпреварите во машките лиги во младинските категории.

Во младинската лига на програмата е 11 коло.

Еурофарм Пелистер е домаќин на Вардар, Тиквеш ќе игра против Бутел Скопје. Младост Богданци го одигра мечот со Охрид и прослави убедлива победа со 30-17, откако и на полувремето имаше плус девет, 14-5.

Алкалоид ќе го пречека Еурофарм Пелистер 2. Прилеп оди на гостување кај Овче Поле, додека шампионот Голден Арт ќе гостува кај Мулти Есенс.

Младинци, 11. коло:

10/12, 11:00, Еурофарм Пелистер – Вардар
09/12, 13:00, Тиквеш – Бутел Скопје
Младост Богданци – Охрид  30-17
10/12, 11:00, Алкалоид – Еурофарм Пелистер 2
11/12, 20:00, Мулти Есенс – Голден Арт
Овче Поле – Прилеп
Пролет слоб.

Кај кадетите во група А и група Б се игра 6. коло, додека во група В се игра 7. коло

Во група А, Прилеп на домашен терен против Преспа Вардар, а ќе има езерско дерби меѓу Охрид и Струга. Еурофарм Пелистер го победи Скопје со 33-28.

Во група Б, дерби меѓу Тиквеш и Вардар Неготино. Еурофарм Пелистер 2 домаќин на Младост Богданци, Мулти Есенс фаворит против Партизан Гевгелија, додека Вардар ќе го пречека Голден Арт.

Во група В, се одигра натпреварот меѓу Аеродром и Бисинов, кој го доби велешкиот тим со 32-26. Борец ќе го нагости Астраион, додека Бутел Скопје ќе одигра натпревар со Куманово.

Кадети, 6. коло:

Група А
10/12, 13:00, Прилеп – Преспа Вардар
10/12, 12:00, Охрид – Струга
Еурофарм Пелистер – Скопје 33-28
Кузман Вардар слоб.

Група Б
11-12/12, Еурофарм Пелистер 2 – Младост Богданци
12/12, 19:30, Партизан Гевгелија – Мулти Есенс
11/12, 17:30, Тиквеш – Вардар Неготино
09/12, 12:00, Вардар – Голден Арт

Група В:
Аеродром – Бисинов 26-32
12/12, 17:00, Борец – Астраион
10/12, 15:00, Бутел Скопје – Куманово
Алкалоид слоб.
Македонија ЃП слоб.

Продолжува пионерската лига во машка конкуренција, каде се игра 9. коло.

Во група А, Еурофарм Пелистер 2 го пречека Охрид и загуби со 33-22, Струга го победи Јуниор Кисела Вода со 52-5. Голден Арт беше подобар од Вардар со 34-13, додека останува да се одигра уште средбата на Динг и Мулти Есенс.

Во група Б, Илинден Вардар го доби Голден Арт Аеродром со 16-9. Вардар Неготино ќе брка победа против Младост Јуниори, Прилеп против Тиквеш, а Алкалоид го доби дуелот со Скопје со 30-24.

Во група В, Бутел Скопје ќе го нагости Куманово, Аеродром игра со Пролет, додека Бисинов ќе го пречека КЛ7 Свети Николе.

Текстилец ќе се соочи со струмички Астраион, а Радовиш на мегдан со Македонија Ѓорче Петров.

Пионери, 9. коло:

Група А
Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 22-33
Струга – Јуниор Кисела Вода 52-5
Голден Арт – Вардар 34-13
10/12, 12:00, Динг – Мулти Есенс
Асови Вардар слоб.

Група Б
09/12, 13:00, Прилеп – Тиквеш
Алкалоид – Скопје 30-24
Илинден Вардар – Голден Арт Аеродром 16-9
10/12, 13:00, Вардар Неготино – Младост Јуниори
Еурофарм Пелистер слоб.

Група В
09/12, 10:00, Бутел Скопје – Куманово
Аеродром – Пролет
09/12, 12:00, Бисинов – КЛ7 Свети Николе
14/12, Радовиш – Македонија Ѓорче Петров
Текстилец – Астраион