ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА И ФК АЕРОДРОМ ВО ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОСВЕТЛА СПОРТСКА ИДНИНА

Видеолотарија Касинос Австрија е златен спонзор на ФК Аеродром 2018 Скопје, клуб кој со својата посветеност и амбиција успешно се позиционира на фудбалската сцена. Компанијата во континуитет поддржува спортски проекти и вложува во развојот на македонскиот спорт, во рамките на својата визија за модерна и општествено одговорна компанија.

Партнерство беше официјализирано денеска на теренот на фудбалскиот клуб од Ново Лисиче во присуство на претставници на Видеолотарија Касинос Австрија и ФК Аеродром, при што беше истакнато значењето на соработката, која има за цел да придонесе кон подобрување на условите за тренинг и натпреварување на тимот.

„Со ова партнерство, Видеолотарија Касинос Австрија, уште еднаш ја потврдува сериозноста на нашата мисија за унапредување на спортската сцена во нашата земја. Нема спортски успеси без вложувања во инфраструктурата, како и поддршка на младите таленти за спорт. Токму затоа и го спроведуваме нашиот проект Играј со најдобрите, во чии рамки е и оваа поддршка. Конкретно со ова спонзорство, сакаме да придонесеме за развојот на фудбалот и да овозможиме подобри услови за играчите на ФК Аеродром. Средствата од ова спонзорство ќе бидат наменети за модернизација на инфраструктурата и подобрување на условите за тренинг и натпревари. Веруваме дека во иднина, заедно ќе се радуваме и ќе го славиме успехот на ФК Аеродром“ изјавија од Видеолотарија Касинос Австрија.

Претставниците на ФК Аеродром не го криеја задоволството од соработката со златниот спонзор, која за нив, како што истакнаа, претставува значајно признание и потврда за посветената работа на клубот во развојот на фудбалот.

„Поддршката ќе ни овозможи да создадеме уште подобри услови за тренинг, развој и напредок на нашите играчи. Нашите тренери, кои се вистински стручњаци во својата област, со својата неуморна посветеност, искуство и визија, ќе продолжат да работат на тоа да ги подготват нашите играчи за големи фудбалски успеси и да им помогнат да го развиваат и натаму својот потенцијал, како на теренот, така и надвор од него. Оваа соработка, за нас, претставува и голема обврска, но ние сме убедени дека ќе ја оправдаме довербата што ни ја укажа Видеолотарија Касинос Австрија. Нашиот прв тим ќе биде дополнително мотивиран да продолжи со посветеност да ги дава своите најдобри резултати на теренот, во сите натпреваришто претстојат. Заедно, тимски, ќе продолжиме да постигнуваме значајни успеси и достигнувања, што ќе биде гордост за клубот и македонскиот фудбал“, изјави Ивица Аврамовиќ, претседател и тренер на ФК Аеродром, клуб кој низ годините се развива со јасна цел – создавање конкурентен тим и унапредување на фудбалската култура во регионот.

Благодарение на стручниот тренерски кадар и одличните услови за работа, клубот успешно се натпреварува и гради стабилна основа за идните сезони. Со постојани вложувања во спортската инфраструктура и професионалниот развој на играчите, клубот има за цел да се етаблира како сериозен конкурент во македонскиот фудбал.

Видеолотарија Касинос Австрија останува посветена на вложувањата во спортот, со верување дека заедно можеме да создадеме подобра иднина за фудбалската сцена во Македонија

#ИграјОдговорно #ИграјСоНајдобрите #ПремиумЏекпот # МЕРЦЕДЕСБЕНЗЕ220Д