Десното крило на Монпелје, Јанис Лене, од лето би требало да стане ракометар на унгарскиот гигант Веспрем.
Според пишувањата на „Миди Либре“, Веспрем е подготвен да плати оштета од 300.000 евра за францускиот репрезентативец.
Претходно Веспрем плати исто толкава оштета за левиот бек Ахмед Хешам, а Лене исто како и Хешам има(ше) договор до 2027 година.
Преговорите меѓу двата клуба траат веќе неколку недели и се очекува наскоро да биде официјализиран договорот.
Двете десни крила на Веспрем, Никита Вајлупов и Гашпер Маргуч имаат договори до 2026 година, па ако унгарскиот тим го носи Лене уште ова лето, веројатно ќе се откаже од еден од претходните двајца.
Лене играше за Селеста, една сезона мина во Барселона, а во 2018 се врати дома во Екс Ан Прованс. Од 2019 година е член на Монпелје.