Веспрем по 32 пат го освои куп трофејот, Висла Плоцк „главна“ во Полска

Изминатиот викенд низ Европа се одиграа завршниците во куп натпреварувањата во Унгарија, Полска и Романија.

Со трофеите се закитија екипите на Веспрем, Висла Плоцк и Динамо Букурешт, кои се и актуелни шампиони на своите држави.

Веспрем откако во полуфиналето го елиминира големиот ривал ПИК Сегед, во финалето немаше проблеми и славеше против Татабања со 34-22, за 32 трофеј во клупската историја во унгарскиот куп.

Во Полска, Висла Плоцк во полуфиналето го елиминира Келце, а во финалниот меч го победи Вибжеже Гдањск со 31-25 и го освои 14 трофеј во историја во полскиот куп.

Романскиот Куп трофеј го освои екипата на Динамо Букурешт, откако славеше против Темишвар со 29-27.

Во Македонија куп трофејот го освои Вардар, во Германија славеше Фуксе Берлин, а во Словенија најдобар на Ф4 беше тимот на Целје.