По заминувањето на Андрија Николиќ од клупата на Загреб, негов наследник најверојатно ќе биде трофејниот стратег Велимир Петковиќ.
Како што пишува „Германијак“, Петковиќ и Загреб веќе ги договориле условите и тој ќе ја преземе екипата од следната недела.
Негов последен ангажман беше на селекторската функција во Русија, која ја водеше три години, а ја однесе на две големи натпреварувања.
Најголем дел од кариерата Петковиќ помина во Бундес лигата, каде работеше во екипи како Вецлар, Гепинген, Ајзенах и Фуксе Берлин.
Загреб викендов го очекува натпревар од домашното првенство против Сесвете, а тимот ќе го води спортскиот директор Дамир Бичаниќ, додека промоцијата на Петковиќ би требало да биде наредната недела.