Веќе не е новост – Поповски најдобар стрелец во Цирих

Тимот на Цирих каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, запиша нова победа во швајцарскиот шампионат.

Во натпреварот од 15 коло, Цирих славеше на домашен терен против Базел со убедливи 34-26.

Поповски како и многупати досега беше најдобар стрелец на теренот и успеа да постигне седум погодоци во противничкиот гол.

Цирих и Поповски сега се на делба на четвртото место на табелата со 15 бодови, додека следниот предизвик ќе го имаат на гости кај Берн.