Екипата на Олимпијакос се наоѓа пред пласман во полуфиналето во Европскиот Куп, откако во првиот четвртфинале дуел против Рунар славеше со шест гола разлика, 37:31.
Грчкиот тим во победата беше предводен од десниот бек Предраг Вејин, кој од ова лето ќе настапува во нашата Супер лига, откако се договори на соработка со амбициозниот Охрид.
Репрезентативецот на Србија постигна седум погодоци од осум обиди, а зад своето име запиша и три асистенции, со што потврди дека ќе биде одлино засилување за македонскиот суперлигаш.
Кружниот напаѓач Николас Лиапис, кој исто така ќе пристигне на лето покрај езерото, постигна три погодоци, а освен одличната игра во нападот, одигра според посакуваното и во одбраната.
Реванш натпреварот меѓу двете екипи ќе се одигра на 30 март во норвешкиот град Сандефјорд.
Олимпијакос во минатата сезона се бореше за трофејот во Европскиот Куп, за ривал го имаше Валур од Исланд, и на крај завши на второто место.