Василева и Трпевска комбинираа 21 гол, Вардар рутински против Шампион

Поранешниот шампион на Македонија, Вардар, во натпревар од 5. коло од Женската лига без многу проблеми го совлада Шампион со 45:20 и ја продолжи трката за првата позиција на табелата.

Вардарки победата ја најавија уште во воведниот дел кога поведоа со 5:1, потоа кон средината на првиот дел дојдоа до 12:3 и како одминуваше времето растеше предноста во корист за „црвено-црните“.

Шампион за 15 минути игра во мрежата на домаќинките имаше постигнато само четири погодоци, додека до крајот на полувремето додаде уште шест, што беше премалку за да се избегне високиот пораз.

Ракометарките на Вардар првиот дел го завршија со 23:10, во вториот дел Царчев шанса им даде и на останатите ракометарки од клупата, но резултатски, ништо не се смени, односно ритамот остана исти, па така домашниот тим дојде до четврти сезонски триумф.

Во победничката екипа се истакнаа Симона Василева и Ивона Трпевска. Василева блескаше на теренот со 12 погодоци, три помалку постигна Трпевска. Кај Шампион се исткана Мила Филипова со пет погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080