Ракометарките на Вардар во осминафиналето од Купот на Македонија обезбедија убедлива победа против Гевгелија со 34:17.
Вардарки за пласман на Ф4 турнирот ќе се борат со подобриот од дуелот меѓу Шампион и Деспина.
Победникот на денешниот дуел беше решен уште по првото полувреме кога „црвено-црните“ направија предност од 11 гола, 19:8.
Вториот дел беше само формалност, во кој шанса за настап добија повеќе ракометарки, а предноста на гостинките само се зголемуваше.
Најефикасни во редовите на победничката екипа беа Ивона Кимовска со седум и Нина Милевска со пет погодоци.
Кај Гевгелија се истакнаа Елена Димова и Симона Динева, првата имаше осум успешни реализации, втората додаде седум.
Куп на Македонија, жени, осминафинале:
група 1
23/3, 14:30, Скопје – Металург Автокоманда
22/3, 19:30, Куманово – Стружанка
24/3, ?
група 2
Чаир слоб.
23/3, 12:00, Астибо – Овче Поле СУ
24/3, 15:00, Чаир – Астибо/Овче Поле СУ
група 3
Гевгелија – Вардар 17:34
23/3, 12:00, Шампион – Деспина
24/3, Вардар – Шампион/Деспина
група 4
Пелистер слоб.
23/3, 15:30, Спартак – Ѓорче Петров
24/3, ?