Селекторот на Холандија, Штафан Олсон, го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за последните две средби од квалификациите за ЕП 2026.
На списокот се наоѓа и кружниот напаѓач на Вардар, Ларс Коиј, кој во последно време не добива голема минутажа од тренерот Гиљермо Милано.
Покрај Коиј, Олсон ќе смета на најголем дел од играчите што беа дел од Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.
Отсутен поради здравствени проблеми ќе биде десниот бек Каи Смитс, но и без него Холандија е на добар пат да обезбеди место на континенталниот собир.
Фарски Острови има пет бода на лидерското место, а Холандија и Украина имаат по четири на делба на втората позиција.
На последните две средби Холандија ќе игра дома со Косово и на гости со Украина.