Вардарци со победа над Пролет се загреаја за дербито во Битола

Ракометарите на Вардар прославија триумф на последната контрола пред стартот на плеј-оф натпреварите следниот викенд.

Избраниците на Владо Недановски го победија Пролет со 25-21, откако и на полувремето водеа со 13-10.

Момците на Александар Јовиќ пружија голем отпор и се играше израмнето во првите дваесетина минути, но не издржаа во истиот ритам.

Вардарци се подготвуваа за гостувањето во Битола и дерби средбата со Еурофарм Пелистер, додека Пролет во првата рунда од плеј-офот ќе игра со вицепрвакот.

„Црвено-црниот“ тим ќе стартуваат со три бода во разигрувањето за титулата, додека Пролет ќе го почне плеј-офот без бодови.