Вардарци пред сите „запалија мотори“ за новата сезона

Ракометарите на Вардар најрано од сите суперлигашки екипи ги стартуваа подготовките за новата сезона во која влегуваат со големи амбиции на домашна и меѓународна сцена.

Стручниот штаб со Владо Недановски и Стојанче Стоилов ја изврши првата прозивка на ракометарите, а ќе се тренира во Скопје до 26 јули.

Потоа екипата заминува за Маврово, каде ќе остане до 3 август, пред да се врати во Скопје.

Предвидени се настапи на турнирите во Струга и Охрид, од 14 до 17 август, односно од 20 до 24 август, пред стартот на новата сезона во Супер лигата и во Лигата на Европа.

Вардар досега донесоа седум засилувања – Марио Танкоски, Томче Стојановски, Ашреф Маргели, Младен Крсманчиќ, Мигел Пинто, Ларс Коиј и Дмитро Горига, а ростерот се уште не е затворен.