Европската ракометна федерација денеска ги потврди претходно најавените шешири пред ждрепката за групната фаза од Лигата на Европа. Македонскиот вицепрвак Вардар се најде директно во групите и од вториот шешир ја чека утрешната ждрепка од 11:00 часот.
Вардар е дел од вториот шешир со полскиот Горњик Забже, романската Констанца, словенечкиот Горење, исландскиот Хафнарфјордур, словачкиот Татран Прешов, унгарската Татабања и германскиот Кил.
Тоа значи дека против овие екипи нема да игра во прелиминарната рунда. Во првиот шешир се хрватскиот Нексе, германскиот Фленсбург, францускиот Монпелје, шведскиот Савехоф, швајцарскиот Кадетен Шафхаузен, данскиот ГОГ Гудме, шпанската Бидасоа и португалскиот Порто.
Од третиот шешир засега познати ривали се Бенфика, Тулуз, Сесвете, Торелавега, Хробри Глогов, а ако ги поминаат квалификациите таму ќе бидат и Мелсунген/Елверум, Брага/Адемар Леон и Силкеборг/Ференцварош.
Голема „опасност“ доаѓа од последниот шешир. Таму ќе бидат Војводина и сите останати тимови што ќе дојдат од квалификациите каде се Гранољерс, Гумерсбах, Иштад…