Вардар го оди потешкиот пат до титулата, а триумфот во Охрид 27-25 (11-12) им дава уште поголем мотив на „црвено-црните“ да издржат во борбата за враќање на титулата. Продолжува серијата на победи на меѓусебните дуели, но и отварање на патот кој ги води до врвот на табелата.
Охрид и покрај поразот останува меѓу екипите кои имаат шанси да изборат место во европскит екупови, што е нивната цел за сезонава. Но, секако бараат и можност за „нешто повеќе’.
Во последните осум минути од средбата Вардар успеа да го скрши домаќинот, и првпат да поведе со „плус 4′ за 24-20. Кога се изгледаше завршено, Охрид се врати во игра и намали на 23-24. Но, потоа Стоилевски направи исклучување, а Вардар зголеми на 25-23, а откако Мартин Томовски ја имаше својата осма одбрана во следниот напад гостите од Скопје веќе имаа „плус 3“ за 26-23 со што веќе се беше решено.
Најдобрата партија во дресот на Вардар ја имаше Кубанецот Хансер Родригез кој даде 10 гола, а Дарко Ѓукиќ погоди шестпати. Мартин Томовски имаше осум одбрани, но петте во вториот дел беа токму во најважните моменти.
Двете екипи бараа бодови на натпреварот, кои им се важни за останување во трката за титулата. Првото полуврем помина во наизменично водство на двете екипи, иако гостите од Скопје имаа во еден момент и предност од „плус 2“, 9-7.
Но, слично како и во текот на целиот меч, пресвртите беа нормална работа, па Охрид брзо „врати“ а во последните четири минути и поведе, па тој гол предност го задржа пред заминување во соблекувалните на одмор.
Вардарци игра без Марко Срдановиќ, Марко Мишевски и без Томислав Јагуриновски. На крило беше Хансер Родригез, а иако се врати во тимот после извесен период од повредата на овој меч Стефан Петриќ ни од далеку не беше оној прпеознатлив бомбардер во тимот на „црвено-црните“. Во 23 минута го заработи второто исклучување, а не можеше ниту да упати некој проектил од девет метри бидејќи Шешиќ му беше сенка која го следи постојано.
ТАБЕЛА