Понекогаш овие дуели меѓу Вардар и Пролет знаеле да бидат неизвесно до самиот крај, ама овојпат „црвено-црните“ лесно се справија со градскиот ривал и го победија со 31-20 (16-8). Се беше решено уште во првото полувреме кога домаќините направија предност која тимот од Пролет не можеше да го стигне.
Вардар покажа дека е во добра форма и ја продолжи серијата на добри игри и триумфи против екипи од Македонија. Тренерот Владо Недановски последен пат ја водеше екипата од трибините со што му заврши казната од четири натпревари. На терен неговите играчи ја спроведоа тактиката што им донесе, ем брзо водство, ам имаа игра со која на крајот дури и ја зголемија разликата.
Уште во 10 минута гостите мораа да бараат тајмаут и тренерот Алексо Лембанов да с еобиде нешто да смени, бидејќи Вардар веќе водеше со 7-3. Но, малку можеше Пролет да смени нешто, зашто вардарци играа одлично, и одбрана и напад. Во следните осум минути направија серија 5-2 со која тимот зголеми на 12-5, па Лембанов мораше д аго бара и вториот тајмаут.
Вардар играше без Томи Јагуриновски, а шанса повеќе да игра добија Виктор Алонсо и Хансер Родригез.
Пролет единствен во второто полуврем намали на „минус 6“ на 16-22, ама потоа вардарци сосерија од 4-0 првпат зголемија на „плус 10“ и водство 26-16. До крајот само рутински одиграа, и ја потврдија својата добра форма и третиот триумф во првенството.
Кај домашните ракометари најпрецизен беше Стефан Петриќ со 7 гола, а шест гол апостигна Хансер Родригез. Голманот Мартин Томовски бранеше само во првото полувреме и во тој период имаше седум успешни одбрани и еден седмерец.
Кај Пролет, најмногу голови дадоа Александар Василевски и Доне Мајнов, двајцата почетири гола.