Ракометарите на Вардар Неготино во 2. коло од прволигашкиот плеј-оф славеа на гостувањето во Свети Николе кај Овче Поле со 29:23 (13:9).
Неготинци сега имаат два од два во разигрувањето за Супер лигата, во првото коло беа подобри од Јехона со 39:32.
Најзаслужни за обезбеднеиот триумф беа Мирослав Митевски и Костадин Петров, првиот даде 11, а вториот осум погодоци.
Листата на стрелци во поразениот табор ја предводеше Иван Димчевски, кој зад своето има запиша осум реализации.
Вардар Неготино во следното коло ќе игра против вториот тим од Автокоманда, додека Овче Поле ќе гостува кај Македонија ЃП.