По Марек Марцинијак, екипата на Вардар би можела во своите редови да го има и младиот полски голман Милош Валах.
Според пишувањата на „RTLHandball“, Валах се наоѓа на листата на жеблби на „црвено-црните“ и би може да биде големо засилување за наредната сезона.
Келце го врати во татковината Адам Моравски, тука е Словенецот Клемен Ферлин, како и Бекир Чордалија, па Валах не би имал доволно минутажа.
Валах има 24 години, сезоните 2021/22 и 2022/23 ги мина на позајмица во Вибжеже Гдањск, а има активен договор со Келце до 2027 година.
Вардар во оваа сезона на голот ги има Португалецот Мигел Еспиња, како и македонските голмани Васил Гогов и Марко Богдановски.
View this post on Instagram