На полувреме во Монпелје на првиот меч од четвртфиналето од Лига Европа, ракометарите на Вардар имаат негатива од два гола, 10-12 против францускиот претставник.
Вардар во Франција отпатува без Јака Малус и Без Дмитро Горига, што многумина го протолкуваа како голем хендикеп. Францускиот тим играше бездесното крило Давид Балагер, левото крило Лукас Пелас и десниот бек Џек Турин.
Монпелје првиот гол го постигна во 2 минута, а Вардар дури 6 минута кога израмни на 1-1. Во средината на првото полувреме домаќините поведоа со 5-3. Франциско да Силва доби исклучување, а потоа под пасивна игра и Митровиќ не успеа да погоди. Затоа пак домашните знаеја тој период да го искористат и да постигнат два гола со кои поведоа со 7-3.
Амармот се вклучи, и Иван Чупиќ веднаш побара тајмаут бидејќи серијата од 4-0 значеше дека нешто мора да се менува. Проблемот беше нападот кој тешко ја пробиваше домашната одбрана.
Марчинијак намали на 7-4, а потоа Вардар освои една топка што Да Силва ја преточи во гол за намалување на 7-5, во 19 минута од средбата. Валах одбрани топка, но таа се одби до играчите на Монпелје. Вардарци погодија статива, а Монпелје го промаши празниот гол на македонскиот тим.
По неколку не реализирани напади на двете страни домашниот тренер побара минута одмор, кој донесе нов за Монпелје, и водство 8-5. Се обиде Вардар да игра „7 на 6“ а таквата ризична игра и грешките во напад домашните ги казнија со гол, со кој Монпелје пак водеше со „плус 4“ за 9-5 во 23 минута.
Вардар не се предаде, и брзо со два гола намали на 9-7, а потоа и на 10-8. Во последната минута Боно намали на 10-12, откако реализираше Боно, а потоа Валах одбрани оставајќи надеж дека „црвено-црните“ имаат активен резултат.
























