Покрај Порто, многу блиску до противници да бидат на Вардар во групната фаза на Лигата на Европа се исландскиот Валур и германскиот Мелсунген.
Валур на домашен терен беше убедлив против хрватската Спачва Винковци, која ја победи со 34-25, иако имаше негатива од три гола на полувремето, 16-13. Реваншот ќе биде само формалност.
Мелсунген носи плус пет во Норвешка, 28-23, кои би требало да бидат доволни за место во групите, иако тимот на Роберто Гарсија Парондо не смее да се опушти пред реваншот со незгодниот ривал.
Тримо Требње на Раде Стојановиќ има убава залиха од четири гола пред реваншот со францускиот Лимож, додека Цирих на Мартин Поповски ќе има тешка задача да надополни негатива од шест гола од првиот кај Криенс, 37-31. Македонскиот репрезентативец даде шест погодоци и беше најдобар стрелец кај Цирих.
Планови за групите веќе може да прават чешката Карвина, данскиот Силкеборг, германскиот Гумерсбах, шведскиот Иштад…
Лига на Европа, квалификации, резултати:
Силкеборг – Ференцварош 45-27
Кристијанштад – Гранољерс 29-32
Морс – Гумерсбах 22-35
Иштад – Мадеира 39-31
Брага – Адемар Леон 23-21
Криенс Луцерн – Цирих 37-31
Мелсунген – Елверум 28-23
Тримо Требње – Лимож 32-28
Валур – Спачва Винковци 34-25
Карвина – Извиѓач Љубушки 33-22