Тимот на Вардар оваа недела ќе одигра најмалку два, а можеби и три натпревари во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.
Најпрво в четврток е големото дерби против Еурофарм Пелистер, кое е закажано за 18:00 часот.
Потоа в сабота ќе се игра групната фаза од Купот на Македонија на истото место, а Вардар ќе се соочи прво со Бутел Скопје.
Доколку го совлада овој ривал, „црвено-црниот“ тим за место на Ф4 ќе се бори со победникот од средбата меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Борец ФЛ.
Тоа значи дека Вардар би можел да одигра дури три меча во три дена на теренот во Битола.