Вардар го доби дуелот со Охрид, 28-24 13-12) со што скопјани продолжија победнички во плејофот. Играше Вардар променливо, на периоди добро, а Охрид успеа да донесе неизвесност, иако кога се решаваше направија неколку технички грешки во напад овозможувајќи му на ривалот брзо да направи предност која беше клучна.
Кај гостите во составот ги немаше Темо Орјоникидзе и Ловро Јотиќ, и Градимир Чаневски, а кај Вардар во составот не беше голманот Еспиња, Мело и Крсманчиќ
Вардар добро тргна на мечот, и веднаш направи водство од 5-1. Иако го имаа расположенио тголма Даниел Ѓорѓески на голот гостите од Охрид немаа решение за одбраната на „црвено-црните“. Кога Вуко Борзан во 13 минута зголеми на 7-4 тоа беше знак за тренерот Стефче Алушовски да побара тајмаут.
Но, иако подели совети неговите играчи не го спроведуваа бараното, или пак беа оневозможени од вардарци.
Три минути подоцна Борозан го постигна својот четврти гол, а Вардар го имаше највисокото водство, 10-4. Делуваше како да е натпреварот во фаз ана „решавање“.
Мечот почна да „се врти“ откако Лазаревски доби искчучување при резултат 10-5, а Иван Тасевски намали на 10-6. Следуваа исклучувања нба двајца играчи на Охрид, но и со четворица играчи во поле гостите постигнаа четири гола со што намалија на 10-9. Од тој момент неизвесноста с еврати, и секој напад беше важен. На крајот на првото полувреме гостите останаа само на „гол негатива“, 13-12.
Само што почна вториот дел охриѓани израмнија, 13-13. Иако со играл помалку Вардар пак зголеми на два гола, 16-14 во 35 минута. Откако Вуко погоди за 17-14, а потоа одбраната на „црвено-црните“изнуди пробивање, домашните пак се најдоа во ситуација да имаат водство од „плус 4′ за предност 18-14 иако имаа играч помалку на теренот.
Сега Алушовски бараше тајмаутот сакаќи нето да смени во играта кај своите играчи. Набрзина додјоа два гола на Охрид, а потоа и добра одбрана, и неизвесноста беше присутна на следните напади.
Јагуриновски доби исклучувае, а потоа Наум Костов намали на 18-17 во 41 минута од мечот. Кога тесшко оди во напад, или има опасност од пасивна игра, Вуко Борозан лесно го решава со гол, но сега и охриѓани имаа свои адити и беа постојано во игра, намалувајќи на 19-18. Меѓу стативите гостите го имаа одличниот Даниел Ѓорѓески кој повторно сопре важна топка, а соиграчите не го искористија да го израмнат резултатот. Никола Јукиќ шутираше над голот на Гогов.
Вардар на 10 минути до крај пак зголеми на „плус 3“ за водство 22-19, па Алушовски мораше да го искористи и последниот џокер со тајмаут надевајќи се дека пак ќе може да направи „поместување“ во играта на тимот. Наместо тоа, Вардар зголеми на 23-19. Имаше Охрид можност да дојде до два гола негатива, но Гогов во две акции во ист напад двапати одбрани, и им даде шанса на соиграчите на спротивниот крај да реализираат, ама тие направија техничка грешка.
Последните пет минути Вардар влезе со предност од 24-20, која беше висока, но ништо не беше решено. Винициус погоди за 24-21, а потоа Танкоски со втор гол по ред пак донесе предност од четири гола. Танкоски двапати краде топка, и му овозможи на Родригез да даде гол за водство 26-21 со кое ги реши сите дилеми.
Дмитро Горига со 7 гола беше најдобар стрелец кај Вардар, а Јагуриновски даде 4 гола. Голманот Гогов одбрани 11 топки. Кај гостите Бразилецот Винициус даде 5 гола, а еден помалку постигна Тасески. Голманот Ѓорѓески имаше 16 одбрани