Екипата на Валур од Исланд испиша историја, откако го освои трофејот во Европскиот Куп и стана првата екипа од островската земја која што освоила злато во европските натпреварувања.
Валур за ривал во финалето од третото по ранг европско клупско натпреварување го имаше тимот на Олимпијакос, кој е предводен од екс тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ.
На првиот одигран натпревар меѓу двете екипи, тимот на Валур триумфираше со 30:26, додека на реванш дуелот во Атина регуларниот дел заврши со победа на домаќините од 31:27, па така победникот за сезона 2023/24 во ЛЕ се бараше преку пенали.
Во пенал рулетот, исландскиот тим имаше повеќе среќа, победи со конечни 35:32 и се израдува на првиот европски трофеј.
Минатата сезона победник во Европскиот Куп беше српскиот шампион Војводина, на второто место заврши Наербо од Норвешка.
Претставник на Македонија во Европскиот Куп сезонава беше Тиквеш, но тимот од Кавадарци не успеа да го мине второто коло.