Со дуелот меѓу Голден Арт и новиот суперлигаш од Автокоманда, ќе биде крената завесата на пролетниот дел од сезоната во елитната машка конкуренција.
Две средби од плеј-аутот се закажани за в сабота во Скопје и во Прилеп, додека колото ќе се затвори в недела во Куманово, кога ќе гостува Вардар Неготино.
Во разигрувањето за титулата, сите средби ќе се играат в сабота, па љубителите на ракометот ќе мора да бираат.
Дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар е од 18:00 часот, а во истото време ќе се игра и во Бутел мало дерби, бидејќи ќе гостува Охрид.
Вицепрвакот гостува кај Пролет, додека амбициозниот Тиквеш со нов тренер ќе ја пречека Струга.
Супер лига, плеј-оф, 1 коло:
10/2, 16:00, Пролет – Алкалоид
10/2, 17:00, Тиквеш – Струга
10/2, 18:00, Бутел Скопје – Охрид
10/2, 18:00, Еурофарм Пелистер – Вардар
Супер лига, плеј-аут, 1 коло:
09/2, 19:00, Голден Арт – Мулти Есенс
10/2, 14:00, Аеродром – Еурофарм Пелистер 2
10/2, 18:30, Прилеп – Скопје
11/2, 17:00, Куманово – Вардар Неготино