Узунчев и Михајловиќ комбинираа 19 гола, Македонија попушти во финишот против Хрватска

Младинската репрезентација на Македонија загуби на вториот пријателски натпревар против силната Хрватска со 34-28, откако гостите во финишот искористија неколку грешки на нашите ракометари и стигнаа до триумф. Првата средба меѓу овие две селекции заврши реми, 28-28.

Димитар Узунчев одново постигна двоцифрен број на погодоци – 11, а Дејан Михајловиќ додаде уште осум. По два гола постигнаа Димевски и Белистојаноски, додека по еднаш погодија Цветковски, Чрчев, Ристески, Тодор Узунчев и Атанасов.

Хрватите водеа со 16-13 на полувремето, Македонија намали на 16-15, а потоа и израмни на 19-19 во вториот дел. Но нашите ракометари попуштија во финишот, гостите казнија неколку грешки и на крајот победија.

Овој двомеч беше дел од подготовките пред летниот настап на Европското првенство во Словенија, каде Македонија за ривали ќе ги има Хрватска, Црна Гора и Австрија, а во мај ќе има уште две проверки против селекцијата на Чешка.