Утре во Автокоманда стартува новото суперлигашко коло, дербито в сабота

Утре со натпреварот меѓу Алкалоид и Прилеп ќе стартува новото, 4 коло од суперлигашката конкуренција. Прилепчани на свое конто имаат три бода, додека „сино-белите“ кои се големи фаворити, до овој момент имаат максимален ефект, односно „три од три“.

Дербито на колото ќе биде в сабота, кога актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, кој денес игра натпревар во ЛШ, ќе му гостува на Вардар. Пелистерци, исто како и освојувачот на Куп трофејот и Охрид, имаат три победи на исто толку одиграни натпревари.

Екипата на Струга, која во минатото коло изненадувачки го совлада Пролет, ќе гостува во Куманово кај истоимената екипа. Пролет првата победа во новата сезона ќе ја бара на гостувањето во Велес кај Бисинов, тим кој што на свое конто има 2 бода, додека повратникот во елитата – Радовиш ќе биде домаќин на Бутел Скопје.

Амбициозниот Охрид пред домашната публика ќе го пречека Тиквеш. Избраниците на Стевче Алушовски имаат посакуван старт, славеа против Радовиш и незгодните Прилеп и Бутел Скопје, па така сигурно ќе посакуваат нови два бода зa задржување на максималниот ефект.

Супер лига, 4. коло, распоред:
27/09, 19:00, Алкалоид – Прилеп
28/09, 16:00, Пролет – Бисинов
28/09, 17:00, Куманово – Струга
28/09, 17:45, Вардар – Еурофарм Пелистер
28/09, 18:30, Охрид – Тиквеш
29/09, 18:00, Радовиш – Бутел Скопје

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД10100020
2ВАРДАР 19611090118
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1080216
4ОХРИД1080216
5БУТЕЛ1060412
6ТИКВЕШ 2014104159
7ПРИЛЕП104159
8ПРОЛЕТ103258
9КУМАНОВО102084
10СТРУГА102084
11БИСИНОВ Ф. Л.101183
12РАДОВИШ100191