Уште еден романски клуб става „катанец на врата“

Според пишувањата на романските медиуми, екипата на Бакау, која се натпреварува во најквалитетното натпреварување во Романија, би можела да не ја доигра сезоната.

Градоначалникот на Бакеу, Даниел Визитеву, предложил значително намалување на буџетот на клубот, што би довело до затворање на неколку спортски тимови од градот.

Како што е познато, клубовите во Романија главно се финансирани од општините, а во време кога кризата се зголемува, први на удар се клубовите.

Бакау е солиден клуб во Романија, моментално се наоѓа на 8. позиција на табелата. Тимот во неколку наврати има учество во европските натпреварувања.

Пред неколку месеци, женскиот клуб на Глорија Бузау, клуб кој беше еден од најбогатите во Романија, стави катанец од истата причина.

Еден од најбогатите клубови во Романија се повлече среде сезона