По одличниот настап на Светското првенство 2025, левиот бек на Хрватска, Иван Мартиновиќ, стана мета на неколку клубови.
Изминативе денови се споменуваше дека Веспрем е заинтересиран за Хрватот, а денеска германскиот портал „Билд“ објави дека уште два клубови влегуваат во трката за Мартиновиќ.
Тоа се бундеслигашот Фленсбург и унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед, кој во своите редови моментално има два репрезентативци на Хрватска – Марио Шоштариќ и Марин Јелиниќ.
Како што е познато, Мартиновиќ има договор со Рајн Некар до летото, 2026 година, а од раководството на ,,лавовите” посакуваат продолжување на соработката.
27-годишниот Мартиновиќ на Мундијалот 2025беше меѓу најзаслужните за освоеното сребро на Хрватска.