Унгарски судии за Кил и Еурофарм Пелистер

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 12 рунда во Лигата на шампионите.

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе му гостува на германскиот Кил на 22 февруари.

Овој натпревар ќе го судат унгарските арбитри Биро и Киш, а делегат ќе биде Гркот Мигас.

Натпреварот меѓу Кил и Еурофарм Пелистер се игра во „Вундерино Арена“ на 22 февруари со почеток во 18:45 часот.

Битолчани на првата средба на домашен терен одлично му парираа на Кил, а сега ќе имаат потешка задача да го сторат тоа на гостински терен.