Унгарија ослабена патува на Мундијалот

Репрезентацијата на Унгарија на Светското првенство 2023 ќе настапи без две стандардни репрезентативки.

Станува збор за искусната голманка Кинга Јанурик и за десното крило Доротеја Фалувеѓи. Двете ракометарки поради повреда нема да можат да им помогнат на своите колешки.

Унгарија за ривали во групната фаза ги има репрезентациите на Црна Гора, Камерун и Парагвај.

Сосема е јасно дека избраничките на Владимир Головин заедно со Црна Гора се истакнати фаворити за првата позиција во групата Б.

Прв ривал на Унгарија е репрезентацијата на Парагвај, потоа следува дуел со Камерун, додека во последното коло од групната фаза ја очекува дерби дуелот со црногорките.