Унгарија без искусниот Миклер на ЕП

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Унгарија, Чема Родригез, го скрати списокот за настап на Европското првенство во Германија.

Стратегот на Унгарија на континенталниот собир нема да може да смета на искусниот голман Роланд Миклер.

Членот на ПИК Сегед го информирал селекторот и челниците на унгарската ракометна куќа дека го откажува настапот поради неговата здравствена состојба.

Унгарија на 5 јануари во Татабања ќе одигра контролен дуел со репрезентацијата на Чешка.

Избраниците на Родригез во групната фаза на Европското првенство ќе се соочат со Исланд, Србија и Црна Гора.