Тутенкоски: Лошиот старт и отсуството на неколку играчи беа пресудни за поразот од Тиквеш

Екипата на Струга на свој терен беше поразена од тимот на Тиквеш со 25:21 во натпревар од 10. коло од Супер лигата.

Голманот на Струга, Дамјан Тутенкоски, истакна дека лошиот старт и отсуството на неколку искусни играчи било пресудно за денешниот пораз од кавадарчани.

,,На овој дуел пресуди лошиот старт, исто така ни фалеа неколку искусни играчи, сето тоа имаше големо влијание на резултатот. Секако дека Тиквеш има квалитет, тоа го покажа во сите 10 одиграни кола и денес беше истакнат фаворит против нас, па фаворитската улога си ја оправда и на теренот. Ние бргу ќе го заборавиме овој пораз и ќе се насочиме за следните дуели на кои треба да го дадеме максимумот за да обезбедиме пласман во плеј-оф фазата, тоа е нашата цел за оваа сезона”, изјави Тутенкоски.

Следен предизвик за тимот на Струга ќе биде дуелот против составот на Скопје, кој во досегашниот тек од сезоната има освоено само бод.

 

Тиквеш триумфално низ Струга