Тутенкоски: Грешките во клучните моменти се причина за поразот во Кавадарци

Тимот на Струга загуби на гостински терен во Кавадарци со 27-22, иако во вториот дел фати приклучок и можеше да се бори за подобар резултат.

Голманот Дамјан Тутенкоски смета дека грешките во периодот од 40 до 50 минута беа клучни за поразот кај Тиквеш.

„Тимот на Тиквеш имаше подолга клупа, ние имавме технички грешки и неколку промашени пенали. Грешките во периодот од 40 до 50 минута беа клучни за поразот во Кавадарци. Во вториот дел се вративме на минус еден, но никако не можевме да го комплетираме камбекот. Сепак задоволни сме од нашата игра и се надевам како ќе одминува времето ќе играме се подобро и подобро“, вели Тутенкоски.

Струга има една победа на три натпревари досега во елитното друштво, а нова шанса ќе има на домашен терен следниот викенд кога им доаѓа тимот на Скопје.

Тиквеш ја продолжи победничката серија, триумф над Струга за „три од три“