Тиквеш ја продолжи победничката серија, триумф над Струга за „три од три“

Ракометарите на Тиквеш ја запишаа третата победа во исто толку натпревари од новата сезона во Супер лигата, откако на домашен терен славеа против Струга со 27-22. Иако играа без повредениот десен бек Обина, сепак кавадарчани одиграа според очекувањата и запишаа нови бодови, па покрај Вардар и тие остануваат екипа што не загубила бод во суперлигашкото друштво.

По десетина минути кавадарчани јасно ставија до знаење дека посакуваат нови бодови и поведоа со 7-2, по едно атрактивно додавање на Мирко Мајиќ и гол на Никола Стефановиќ.

Веднаш мораше да реагира гостинскиот тренер Наум Танески со тајм-аут, па неговите избраници врзаа два гола во серија за 7-4. Имаше Тиквеш и плус пет одново, но на пауза се замина со 14-10.

Стружани не се откажуваа од камбек во натпревар. Беше 19-15 за Тиквеш, но Бугариновиќ, Јанкуловски и Костоски успеаја да донесат минус еден, 19-18 и да ја вратат Струга во игра.

Кавадарчани заиграа подобра одбрана во продолжение, ги казнија сите гостински грешки и на десет минути до крајот стигнаа на безбедни четири гола предност, 24-20 преку Шулески, Манасков и Симиќ.

Голманот Велков одбрани три удари на стружани, Темелкоски реализираше за 26-21 и веќе немаше дилеми околу победникот, a за да не биде голема негативата на Струга се погрижи Рикановиќ, кој фати неколку топки на доамшните во финишот.

Симиќ и Мајиќ дадоа по шест голови за победникот, додека Бугариновиќ беше стрелец на осум погодоци за Струга. Стружани во следното коло дома го чекаат Скопје, додека кавадарчани ќе му гостуваат на Куманово.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122