Тримо Требње го освои првиот Куп трофеј

Екипата на Тримо Требње за првпат во својата клупска историја освои златен медал во Словенија.

Составот предводен од Урош Зорман го освои трофејот на 31-издание на словенечкиот Куп, откако во финалето славеше над Градец со 35:28.

Третото место, односно бронзениот медал го освои екипата на Крка, која триумфираше над Копер со пет гола разлика, 25:20.

Целје има освоено најмногу Куп трофеи во Словенија, вкупно 22, по три имаат Горење и Копер, а по еден, освен Тримо Требње, имаат уште Пруле и Голд.