Тримо на Стојановиќ со важна победа во разигрувањето за титулата

Тимот на Тримо Требње, предводен од македонскиот стручњак Раде Стојановиќ, запиша важна победа во разигрувањето за титулата во словенечкиот шампионат.

Избраниците на Стојановиќ во натпревар од 3. коло од плеј-оф фазата за ривал ја имаа Рико Рибница и успеаја да триумфираат со шест гола разлика, 36:30.

Ова е втор триумф на Тримо Требње во плеј-офот, по оној во првото коло против Градец, додека во второто коло тимот на Стојановиќ беше поразен од Целје.

Тримо Требње во следното коло ќе се обиде да ги освои бодовите на незгодното гостување кај Градец.