Селекторот на машката младинска репрезентација на Македонија и довчерашен тренер на Тиквеш, Раде Стојановиќ, денеска беше промовиран за нов тренер на словенечкиот суперлигаш Тримо Требње.
Станува збор за клуб каде што тој ја започна својата кариера на меѓународен план. 45-годишниот стратег во Словенија настапуваше уште за две екипи – Голд Козина и Горење од Велење.
Стојановиќ клупата на Тримо Требње ќе ја преземе од тренерката палка на словенечкиот селектор Урош Зорман, кој ќе се пресели во амбициозниот тим на Слован од Љубљана.
Во тренерската кариера Стојановиќ со успех ги водеше Металург и Охрид, беше дел и од Катар Спорт, а голем успех направи и со младинската репрезентација на Македонија.
Изминатата полусезона беше предводник на Тиквеш и со клубот од Кавадарци успеа да обезбеди пласман на Ф4 турнирот од Купот на Македонија.
Освен Стојановиќ, денеска беа претставени и новите засилување во Тримо Требње, а меѓу нив ѐ и голманот од Еурофарм Пелистер, Урбан Лесјак.