Тричковски блеска во Словенија, постигна 17 гола против Радовљица!

Македонскиот интернационалец Матеј Тричковски блесна и одигра одличен натпревар за тимот на Копер во Словенија.

Копер победи на гостувањето кај Радовљица со 49-27 во 8 коло од младинскиот шампионат, а Тричковски беше најдобар стрелец со 17 голови.

Вториот Македонец во составот на Копер, Бојан Гилев додаде уште шест погодоци, а за Копер настапи уште еден играч со македонско потеколо – Стефан Атанасов, кој исто така имаше забележителна партија со пет гола.

Кружниот напаѓач Тричковски ова лето од Македонија се пресели од Словенија и игра за сениорскиот тим на Јадран Козина (на двојна регистрација), кој е предводен од екс вардарецот Матјаж Брумен, така и за младинскиот тим на Копер.

Покрај овој дуел за младинскиот тим на Копер, Тричковски минатиот викенд играше и за Јадран Козина на натпреварот против Кочевје и во поразот со 31-28, постигна четири погодоци.