Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 9-то коло од плеј-оф фазата во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.
Во изборот за ѕвезда на 9. коло од плеј-оф фазата има по една ракометарка од Вардар, Ѓорче Петров и Металург Автокоманда.
За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.
Женска лига, плеј-оф, 9. коло, резултати:
Вардар – Астибо 43:20 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда – Чаир 33:24 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Ѓорче Петров 27:29 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 9. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ ФАЗАТА ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА
Марија Галачева (Вардар) – Младата голманка блескаше против Астибо покажувајќи ги своите квалитети и натпреварот го заврши со дури 19 интервенции.
Ивана Дежиќ (Ѓорче Петров) – Искусната ракометарка беше една од подобрите во актуелниот шампион против Куманово, зад своето име запиша пет погодоци.
Борјана Коцева (Металург Автокоманда) – Десниот бек одигра одлично на дербито против Чаир, реализираше седум пати, а подели и неколку асистенции кон своите колешки.