Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 6- то коло во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.
Во изборот за ѕвезда на 6. коло има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Металург Автокоманда и Чаир.
За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.
Женска лига, 6. коло, резултати:
Група А
Стружанка – Чаир 20:46 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Скопје 31:32 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров 2 слоб.
Група Б
Металург Автокоманда – Овче Поле СУ 38:13 (ИЗВЕШТАЈ)
Гевгелија – Пелистер 15:31 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово слоб.
Група В
Вардар – Деспина 39:18 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров – Шампион 66:11 (ИЗВЕШТАЈ)
Спартак слоб.
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 7. КОЛО
Санкон Кадиату Ѓорче Петров) – Репрезентативкта на Гвинеја против Шампион го имаше деби настапот во дресот на македонскиот шампион и зад своето име запиша 14 погодоци.
Стефани Ристиќ (Металург Автокоманда) – Членката на тимот од Автокоманда беше најрасположена на дуелот со Овче Поле СУ, запиша седум погодоци и подели неколку асистенции.
Михаела Ангеловска (Чаир) – Младата ракометарка од натпревар во натпревар игра се подобро, против Стружанка имаше 11 реализации.