Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на четвртото коло во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.
Во изборот за ѕвезда на 4. коло има по една ракометарка од Астибо, Чаир и Пелистер.
За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.
Женска лига, 4. коло, резултати:
Група А
Ѓорче Петров 2 – Астибо 34:35 (ИЗВЕШТАЈ)
Чаир – Скопје 40:23 (ИЗВЕШТАЈ)
Стружанка слоб.
Група Б
Куманово – Металург Автокоманда 20:24 (ИЗВЕШТАЈ)
Пелистер – Овче Поле СУ 30:17 (ИЗВЕШТАЈ)
Гевгелија слоб.
Група В
Спартак – Вардар 24:29 (ИЗВЕШТАЈ)
Шампион – Деспина 15:29 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров слоб.
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 4. КОЛО
Марија Анчева (Астибо) – Искусната ракометарка со 19 погодоци го предводеше својот тим до победа против Ѓорче Петров 2.
Бојана Диневска (Чаир) – Левото крило одигра речиси без грешка против Скопје и зад своето име запиша девет погодоци.
Јована Конева (Пелистер) – Беше меѓу најзаслужните за убедливиот триумф над својот поранешен клуб, натпреварот го заврши со седум реализации.