ТРИ ЅВЕЗДИ НА 16. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 16. коло од плеј-оф фазата во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на 16. коло од плеј-оф фазата има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Металург Автокоманда и Куманово.

За ѕвезда на колото може да гласате до четврток до 12:00 часот.

Женска лига, плеј-оф, 16. коло, резултати:

Куманово – Вардар 27-26 (ИЗВЕШТАЈ)
Чаир – Ѓорче Петров 28-37 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда – Астибо 44-24 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 16. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Таида Беровиќ - Металург Автокоманда
58.71%
Марија Петреска - Куманово
36.13%
Петра Јершек - Ѓорче Петров
5.16%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 16. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА

Петра Јершек (Ѓорче Петров) – Средниот бек на шампионот постигна шест гола на гостувањето кај Чаир, а најголем дел од нив во моментите кога се кршеше резултатот.

Марија Петреска (Куманово) – Покрај стандардно добрата игра во одбрана, стружанката беше стрелец на два гола против Вардар, од кои еден беше победнички.

Таида Беровиќ (Металург Автокоманда) – Младата ракометарка успеа осум пати да ја погоди мрежата на штипјанки.