Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, од сезонава избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за вторпат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 14. коло од единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.
Во изборот за ѕвезда на 14. коло, кое беше прво коло за вториот дел од тековната сезона, има по една ракометарка од Металург Автокоманда, Чаир и Куманово.
За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.
Женска лига, 14. коло, резултати:
Чаир – Вардар 33:30 (ИЗВЕШТАЈ)
Деспина – Стружанка 18:20 (ИЗВЕШТАЈ)
Спартак – Металург Автокоманда 22:45 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров – Пелистер 46:12 (ИЗВЕШТАЈ)
Овче Поле СУ – Шампион 28:28 (ИЗВЕШТАЈ)
Куманово – Гевгелија 32:16 (ИЗВЕШТАЈ)
Скопје – Астибо 37:22 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 14. КОЛО
Мила Трајковиќ (Металург Автокоманда) – Левото крило продолжи со одличната форма од првиот дел од сезоната и со 10 погодоци, сите од игра, го предводеше својот тим до убедлива победа над Спартак.
Теодора Дукоска (Чаир) – 19 годишната ракометарка, која може да одигра на десен бек и десно крило, имаше блескава партија во дерби дуелот против Вардар. Стружанката во мрежата на „црвено-црните“ постигна 13 погодоци и беше најзаслужна за обезбедениот триумф.
Марија Јовановска (Куманово) – Голманката на вицепрвакот многу лесно бранеше во дуелот со Гевгелија и натпреварот го заврши со дури 20 интервенции.