Хрватскиот репрезентативен голман и нов член на Охрид, Дино Славиќ, има причина за голема радост надвор од ракометните терени. Искусниот чувар на мрежата и неговата партнерка Леа Радошевиќ станаа родители на своето прво дете.
Славиќ убавата вест ја сподели на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од излегувањето од породилиштето. Веднаш следуваа бројни честитки од пријатели, соиграчи од повеќе земји…
Ова е уште еден прекрасен момент во успешната година за 33-годишниот голман. Со хрватската репрезентација освои бронзен медал на Европското првенство 2026, а летово направи трансфер во амбициозниот Охрид, со кој потпиша договор до 2028 година.
Славиќ во новата сезона ќе биде едно од најголемите засилувања на охриѓани, кои имаат високи амбиции и на домашната, и на европската сцена.
View this post on Instagram
























