Машката младинска репрезентација на Македонија денеска ја запиша првата победа на ЕП во Романија, а по утрешниот ден за одмор, в четврток и петок ќе ја почне битката за конечен пласман.
Во разигрувањето за пласман од 17 до 24 место, прв ривал на Македонија ќе биде селекцијата на Турција во четврток.
Ако слави, Македонија ќе разигрува за пласман од 17 до 20 место против победникот од дуелот меѓу Полска и Босна и Херцеговина.
Ако загубат од Турција, избраниците на Игор Илиевски одат во битка за пласман од 21 до 24 место и во петок ќе играат против поразениот состав од дуелот меѓу Полска и Босна и Херцеговина.
Потоа следува ден одмор во сабота, а в недела Македонија ќе го одигра и последниот натпревар на ЕП за конечен пласман.























