Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 14. коло од плеј-оф фазата во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.
Во изборот за ѕвезда на 14. коло од плеј-оф фазата има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Металург Автокоманда и Вардар
За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.
Женска лига, плеј-оф, 14. коло, резултати:
Астибо – Вардар 29:33 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓорче Петров – Куманово 33:19 (ИЗВЕШТАЈ)
Чаир – Металург Автокоманда 30:33 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 14. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА
Катерина Дамјаноска (Ѓорче Петров) – Кружниот напаѓач одигра речиси без грешка на натпреварот со Куманово и беше меѓу најдобрите не теренот.
Андреа Илиќ (Вардар) – Голманката на поранешниот шампион имаше 11 интервенции на натпреварот во Штип против Астибо.
Борјана Коцева (Металург Автокоманда) – Бекот одигра одлично на гостувањето кај Чаир, особено во второто полувреме кога се кршеше резултатот.