Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 10-то коло од плеј-оф фазата во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.
Во изборот за ѕвезда на 10. коло од плеј-оф фазата има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Чаир и Куманово.
За ѕвезда на колото може да гласате до четврток до 12:00 часот.
Женска лига, плеј-оф, 10. коло, резултати:
Ѓорче Петров – Металург Автокоманда 28:21 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Куманово 27:38 (ИЗВЕШТАЈ)
Чаир – Вардар 37:31 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 10. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ ФАЗАТА ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА
Ивана Дежиќ (Ѓорче Петров) – Искусната ракометарка одигра одлично на дербито против Металург Автокоманда и со 11 погодоци го водеше својот тим до 10-та победа во плеј-офот.
Стефанија Ѓорѓиевска (Чаир) – Левото крило продолжува да доминира на терените и на натпреварот со Вардар постигна девет погодоци, сите беа од игра.
Марија Јовановска (Куманово) – Младата голманка имаше успешен настап на гостувањето во Штип кај Астибо забележувајќи 14 интервенции.