Три клуба во борба за една од најдобрите голманки на светот

Екипата на Мец, која настапи на годинешниот Ф4 во Будимпешта, успеа во своите редови да ја врати Алисон Пино.

Екс ракометарката на Вардар иако најави дека ќе се пензионира, сепак, раководството на Мец со примамливата понуда ја предомисли.

Францускиот шампион освен Пино, посакува да ја врати и искусната голманка Клеопатра Дарле.

Според пишувањата на Л’Екип, освен Мец, за Дарле интерес покажале од Глорија Бистрица и Нант.

Дарле од сезона 2016/17 го брани голот на францускиот вицепрвак Брест Бретањ, а претходно беше дел од екипите на Виборг и Мец, во кој што ја започна својата кариера.

Екс вардарката се врати дома: Алисон Пино потпиша за Мец