Три црвени картони во Автокоманда, лидерот со победнички крај на 2024

Тимот на Кирил Лазаров победнички ја заврши есенската полусезона, откако на домашен терен славеше против Тиквеш со 35-26. Победникот беше решен уште по првиот дел, кога „сино-белите“ ја направија клучната разлика, а второто полувреме беше само формалност, но и покрај тоа се вжешти борбата на теренот и беа доделени три црвени картони.

Иако на стартот кавадарчани водеа со 4-3 и се понадеваа дека ќе може да пружат посилен отпор, сепак серијата од шест неодговорени погодоци на домашните во Автокоманда, за 10-4, беше показател како ќе се одвива натпреварот.

Гостинскиот тренер Кристијан Грчевски се обиде со тајм-аут да ги смири неговите избраници, но немаше промена на теренот и предноста на „сино-белите“ само растеше. На паузата тие водеа со 21-9, откако Серафимов погоди во последната секунда.

На стартот на вториот дел, домашните успеаја да стигнат до плус 13, па се опуштија и кавадарчани намалијана минус шест, 29-23 кога останаа да се играат уште десетина минути, но домашните одново го засилија темпото, немаше дополнителни возбудувања во финишот и победата остана во Автокоманда.

Црвен картон поради остар старт доби Костадин Петров, а домаќините кон крајот останаа и без Марко Стојковиќ, кој исто така мораше на трибини по трите исклучувања. Сепак тоа не беше голем проблем за тимот на Кирил Лазаров бидејќи имаше голема предност. На четири минути до крајот и Обина се пресели на трибините поради остар старт, но тоа не влијаеше на ниту еден начин на конечниот резултат.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Серафимов со девет и Петковски со осум погодоци, додека кај Тиквеш, најмногу погодоци даде Кривокапиќ, шест.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД16150130
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР16140228
3ВАРДАР 196116140228
4ОХРИД16121325
5БУТЕЛ1680816
6ТИКВЕШ 20141672716
7ПРИЛЕП1662814
8ПРОЛЕТ1654714
9КУМАНОВО1640128
10СТРУГА1630136
11БИСИНОВ Ф. Л.1622126
12РАДОВИШ1601151