На 15 и 16 јуни во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, под организација на Здружението на ракометни тренери на Македонија ќе се одржи семинар на ракометни тренери.
Овој семинар има задолжителен карактер и сите тренери што ќе водат екипи што се дел од натпреварувањата на РФМ мора да ја поседуваат.
Свои предавања во Охрид ќе имаат професорот Гино Стрезовски, Драган Ѓукиќ, некогашен тренер на Вардар и селектор на Македонија, како и делегатот Драган Начевски, и двајцата тренери со Мастер Коуч лиценца, Бранко Ангеловски и Кристијан Грчевски.
Тренерската лиценца што ја доделува Здружението на ракометни тренери е задолжителна за сите што ќе водат екипи во било која категорија од натпреварувањата под капата на РФМ.
Во Охрид би требало да бидат присутни околу 120 тренери.